Достапни линкови

Германците не веруваат дека Грција сака да штеди


Грција - протести против мерките на штедење.

Грција - протести против мерките на штедење.

Приближно две третини, 66 проценти, од Германците изјавиле дека се сомневаат оти Грција сака да штеди, покажуваат резултатите од последната анкета објавена на телевизија ЗДФ.
Само 27 насто од испитаниците изјавиле дека Грците сериозно се трудат да ги исполнат ветувањата, а седум проценти одбиле да коментираат.
Помалку од половина Германци, 46 насто, истакнале дека го прифаќаат банкротот на Грција, а осум проценти одговориле со „не знам“.
Испитаниците биле прашани и како го оценуваат справувањето на канцеларот Ангела Меркел со должничката криза - 69 проценти одговориле „главно позитивно“, 23 отсто „главно негативно“, а осум проценти истакнале дека немаат став.
Анкетата на Институтот Форшунгсгрупе вален била телефонски спроведена од седми до девети февруари, при што биле испитани 1.272 луѓе.
XS
SM
MD
LG