Достапни линкови

Кривични пријави за четворица поранешни раководители во „Јака Табак“


Центарот за сузбивање на организиран криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица од Радовиш кои во периодот од 2005-2006 година биле на раководни функции во „Јака Табак“ АД Радовиш. Станува збор за Ѓ.Т.(51), генерален директор, З.Т.(45), претседател на Надзорен одбор, Б.К.(59), раководител на Службата за општо-правни и кадрови работи и Д.Д.(41), претседател и неизвршен член на Одборот на директори.
Тројца од нив – Ѓ.Т. ,З.Т. и Д.Д се пријавени заради основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Б.К. само за првото кривично дело. Пријавените во периодот од 2005 до 2009 година со преземање на повеќе незаконски дејствија се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 12.729.450 денари.
XS
SM
MD
LG