Достапни линкови

Неделен печат - економски раст и политички рејтинг


newspapers

newspapers

Различните предвидувања за растот на економијата за оваа година и рејтингот на политичките партии се теми за анализа во неделниците.

„Има ли власта скриено чекмеџе?“, прашува во најновото он-лајн издание неделникот Глобус во статијата во која ги анализира различните предвидувања за растот на економијата во оваа година што ги даваат Владата и Народна банка.
Меѓународните фактори се загрижени дали тој раст ќе биде 2 отсто, Народна банка пред некој ден својата прогноза од 3 ја симна на 2,4 отсто, но Груевски не се дава: и натаму мисли да троши небаре ќе собере доволно пари од „забрефтаното стопанство“ за неговите заковани проекции на јавната потрошувачка.

Глобус - Има ли власта скриено чекмеџе?

Основата врз која се потпира економската политика на власта - безграничното трошење врз основа на лажните предвидувања за приливот на средства во буџетот ќе продолжат да даваат тон на однесувањето на екипата на Груевски! - заклучува неделникот, потсетувајќи на последната изјава на премиерот кој процени дека растот на брутодомашниот производ сепак ќе биде, можеме слободно да кажеме, како за инает, 4,5 отсто, иако нема ниту еден друг релевантен извор што би го потврдил оптимизмот на премиерот. Меѓународните фактори се загрижени дали тој раст ќе биде 2 отсто, Народна банка пред некој ден својата прогноза од
Споредба на проекциите за економски раст на македонија за 2012 година од различни институции

Споредба на проекциите за економски раст на македонија за 2012 година од различни институции

3 ја симна на 2,4 отсто, но Груевски не се дава: и натаму мисли да троши небаре ќе собере доволно пари од „забрефтаното стопанство“ за неговите заковани проекции на јавната потрошувачка. Премиерот додаде дека Народна банка ги нема оние сознанија кои тие како Влада ги имаат(?), небаре се работи за некакво чекмеџе што може да се сокрие, иронизира Глобус.

Капитал - Кој ќе го дига
Како што кризата зема залет, сите некако се вртат кон домашните компании и кон домашните инвестиции. Само нашата Влада, останува истрајна кон стратегијата економскиот раст и развој да го темели на странските инвестиции.

Џи-Ди-Пито?

И најновото он-лајн издание на Капитал во уводникот го поставува истото прашање: „Кој ќе го дига Џи-Ди-Пито?“, осврнувајќи се на фактот дека, како што кризата зема залет, сите некако се вртат кон домашните компании и кон домашните инвестиции. Само нашата Влада, пишува неделникот, останува истрајна кон стратегијата економскиот раст и развој да го темели на странските инвестиции. Но, растот никако да дојде. Главен виновник за забавувањето на македонската економија е намалената побарувачка од странство, таа ќе го намали извозот, односно производството на домашните Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

компании. Штом произведуваат помалку, тоа значи дека плаќаат и помалку даноци, ќе им требаат помалку вработени, односно ќе плаќаат помали придонеси, објаснува Капитал и прашува од каде ќе се собираат предвидените приходи во буџетот проектиран за раст на БДП од 4,5 отсто.

Фокус - Опозицијата дреме, а рејтингот не и паѓа!?

Фокус уште во насловот на уводникот го поставува прашањето за дилемата: „Опозицијата дреме, а рејтингот не и паѓа!?“. Откако власта го презеде теренот по ланските избори, опозицијата речиси изчезна. Но, види чудо, јавното мислење се повеќе станува антивладино. Владејачката партија води со скромни 23% и покрај пресингот што го игра по целиот терен од последните избори, наспроти неверојатните 18% за СДСМ, плус 2-3 процентчиња за помалите партии што не се дел од власта. Одговорот за ова е во непостоечкиот производ кој не може бесконечно да биде продаван од пропагандата, одговара Фокус па додава: Ете, значи, од што сака власта да ни го одвлече вниманието со меѓуверските тензии, со растурањето на ВМРО-НП, а богами и со Мерцедес кој сега решил да се произведува баш во Велес!!!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG