Достапни линкови

Нема зима за снабдувањето со струја


Илустрација.
Илустрација.

Во услови кога целото соседство има проблеми со снабдувањето со струја, во Македонија нема место за паника, велат од ЕВН. И покрај зголемената потрошувачка на електрична енергија, нема поголеми проблеми во мрежата и земјата може да ги задоволи потребите на граѓаните.

Ниските температури ја зголемиле потрошувачката и тоа за 5 проценти повеќе од минатата година на ниво на цела држава, а во Скопје за 15 проценти. Рекродот бил на 1 февруари, кога биле потрошени 27,4 милиони киловат часови, од кои скопјани потрошиле 11,6 милиони киловат часови, вели Ленче Карпузовска, портпарол на ЕВН.
При такви екстремно зимски услови какви што се во моментот, мрежата на ЕВН има неколку одредени напонски точки кои може да се проптоварени од самата потрошувачка и тоа предизвикува горење на кабли, осигурувачи, но затоа, пак, екипите се мобилни 24 часа, двојно зголемени и постојано се на терен.
Ленче Карпузовска, ЕВН.

„При такви екстремно зимски услови какви што се во моментот, мрежата на ЕВН има неколку одредени напонски точки кои може да се проптоварени од самата потрошувачка и тоа предизвикува горење на кабли, осигурувачи, но затоа, пак, екипите се мобилни 24 часа, двојно зголемени и постојано се на терен. Онаму каде што имаме проблем со пристапот, каде пристапот е невозможен, таму малку потешко се санираат дефектите.“

Од ЕВН апелираат енергијата да се користи разумно, иако разбираат дека е студено и дека луѓето мора да се топлат. Дополнителен проблем за ЕВН се уште се нелегалните приклучоци кои ја оптоваруваат мрежата.

Зимава, поради високите сметки за
парно, многу од граѓаните се откажаа од радијаторите и се префрлија на затоплување со струја.

„Се исклучува струјата во цела зграда, зашто сите почнаа да се греат на струја.“

Ако во тие соседни земји има проблеми со напојувањето со електрична енергија, тогаш неминовно ќе се случи заради спреченоста на увозот на електрична енергија во Македонија да се појави и недостиг на електрична енергија.
Атанско Тунески, универзитетски професор.
„На струја се грееме, ама скапо е, се е скапо нема евтино ни парно, ни струја.“

„Не греам се, само една спална и дневна, немам други можности, тој долго најавуван гас никако да го донесат, така ќе биде поевтино, цела Европа го има, само ние го немаме“, велат анкетираните граѓани.

Поради неможност да ја покријат домашната потрошувачка на струја, Бугарија и Грција го запреа извозот. Проблеми со снабдувањето има и во Србија. Иако, досега електроенергетскиот систем во Македонија добро одговара на ниските температури, загрижуваат случувањата во соседството, вели професор Атанаско Тунески.

„Значи ако во тие соседни земји има проблеми со напојувањето со електрична енергија, тогаш неминовно ќе се случи заради спреченоста на увозот на електрична енергија во Македонија да се појави и недостиг на електрична енергија. Сегашните информации се дека единствено индустријата во Македонија ќе трпи, индустрисните капацитети овие денови не ќе можат да го добиваат потребното количество елктрична енергија, тие веројатно ќе сопрат со работа или ќе ја намалат работата.“

Тој се надева дека електроенергетската мрежа и понатаму ќе одговори на предизвизицте и дека ќе нема поголеми проблеми и прекини со стабдувањето со струја.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG