Достапни линкови

Најмалку 17 загинати при серија експлозии во Алепо - Сирија


Aleppo, 10Feb2012

Aleppo, 10Feb2012

Сириските медиуми јавија дека во северниот град Алепо одекналe серија екплозиии, при што, имало мртви и ранети и меѓу припадниците на безбедносните сили, но и цивили. Анти владините активисти наведуваат дека имало три експлозии. Цел на две бомби биле бази на безбедносните сили. Алепо беше релативно мирно место во изминативе месеци во земјата зафатена со анти режимски протести.
Во меѓувреме се јавува и дека владините сили со тенкови влегле во предградијата на Хомс каде продолжува офанзивата против опозиционите демонстранти.
Режимот на Башар ал Асад се соочува со притисок на Запад поради 11 месечните насилни обиди да ги задуши опозиционите демонстрации, во кои, како што се проценува, загинале ооколу 6 илјади лица.
XS
SM
MD
LG