Достапни линкови

Во Грција штрајк на синдикатите поради новите мерки за штедење


Политичките лидери во Грција постигнаа согласност за неопходни мерки за штедење со што е отворен патот за постигнување договор за намалување на надворешниот долг и добивање на втор голем пакет кредити од страна на меѓународните кредитори. Воведувањето на новите мерки за штедење што тешко ги погодија работниците и службениците, како во државниот, така и во приватниот сектор беа причина водечките грчки синдикати да почнат дводневен генерален штрајк.
За недела, кога се предвидува мерките да бидат гласани во парламентот, ќе се оддржи митинг на плоштадот Синтагма во Атина. Јавниот транспорт во Атина денеска и утре нема да се движи.
Против новите мерки се изјанија и федерацијата на полициски службеници, хотелиерите, вработените во здравството, образованието и други сектори.
XS
SM
MD
LG