Достапни линкови

ЕУ ја повика Русија да не ја поддржува сириската влада


Кетрин Ештон

Кетрин Ештон

Шефот за надворешна политика на Европската Унија Кетрин Ештон ја повика Русија да ја преиспита својата позиција во однос на кризата во Сирија, откако Русија и Кина ставија вето на одлуката на Советот за безбедност на Обединетите Нации со која се осудува насилството во Сирија.
Ештон изјави дека сириското лидерство треба да понесе одговорност за актуелните случувања и да спречи различни групи да прават што сакаат. Таа додаде дека руската поддршка за сириската влада само ќе ги зголеми насилствата во Сирија.
XS
SM
MD
LG