Достапни линкови

Состанок на еврогрупата за Грција


Премиерот на Луксембург и претседател на еврогрупата, Жан Клод Јункер

Премиерот на Луксембург и претседател на еврогрупата, Жан Клод Јункер

Премиерот на Луксембург и претседател на еврогрупата, Жан Клод Јункер пред одржувањето на состанокот за Грција во Брисел изјави дека најверојатно нема вечерва да донесат одлука за мерките за штедење, кои ги усвоија грчките лидери. Според Јункер, претставниците на еврогрупата треба да разговараат за неколку елементи од предлогот и нема да биде катастрофа доколку не успеат да се договорат.
Грчките политички лидери денеска постигнаа договор со меѓународните кредитори од ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд за новиот пакет помош на земјата.
XS
SM
MD
LG