Достапни линкови

Осуден најпознатиот шпански судија Гарсон


Балтазар Гарсон

Балтазар Гарсон

Шпанскиот врховен суд го осуди најпознатиот судија во земјата Балтазар Гарсон за пречекорување на неговите овластувања и му забрани да ја извршува неговата функција 11 години. Гарсон беше прогласен за виновен за овластување на илегално прислушување на разговорите на адвокатите на одбраната. Тој неможе да се жали одлуката на судот.
Против Гарсон се води уште еден случај, односно тој е обвинет дека илегално нарачал истрага за масовните убиства на околу 114 илјади лица од страна на силите лојални на поранешниот диктатор генералот Франко.
XS
SM
MD
LG