Достапни линкови

Дневен печат - Економијата потисната од политика


Прогнозите за економски раст, меѓуетничките односи и високото образование се само дел од темите за кои пишуваа весниците изминатата недела.

На почетокот на овој преглед, ајде малку за економијата која не може глава да крене од политиката - и од снегот.
Уште еден студен туш за македонскиот раст. Наспроти упорните предвидувања на Владата дека домашната економија годинава ќе порасне за 4,5%, од светските институции и истражувачки центри постојано стигнуваат песимистички прогнози, за раст од само 1,5%.
Утрински весник.

„Уште еден студен туш за македонскиот раст“, ги објавува Утрински прогнозите на „Економист интелиџенс јунит“, за растот на македонската економија: наспроти упорните предвидувања на Владата дека домашната економија годинава ќе порасне за 4,5%, од светските институции и истражувачки центри постојано стигнуваат песимистички прогнози, за раст од само 1,5%, пишува Утрински.

Истиов весник насловува дека „Бројката на невработени во земјава постојано се намалува“, но во исто време прашува како и објаснува: со бришење.

Дневник, информира дека „Опаѓа
Споредба на проекциите за економски раст на Македонија за 2012 година од различни институции
Споредба на проекциите за економски раст на Македонија за 2012 година од различни институции
трговијата на мало“.

Нова Македонија од Заводот за статистика ги користи бројките за трговскиот дефицит на Македонија - во периодот јануари-декември 2011 година тој изнесувал 2 и пол милијарди долари.

Овој весник пренесува и една оптимистичка вест, барем за Дојран, Струмица и Битола: овие три града биле главната цел на грчки бизнисмени во последнава година. Македонија, на тој начин, по Бугарија била втората дестинација според бројот на отворени фирми со доминантен грчки капитал.

Вечер на насловна констатира: „Артан Груби го разоткрива дејствувањето на Црвенковски - потврдено: СДСМ создава кризи“, а Утрински под наслов: „Меѓуетничките тензии сценарио на власта“, го цитира лидерот на СДСМ на трибина во Битола дека „Инцидентите во струшко се иницирани од партиите на власт“ и дека последните меѓуетнички инциденти ги споредил со настаните што во минатата година кулминираа со инцидент на скопско Кале.

Дневниот Фокус пишува за нови манипулации од Штабот на ВМРО-ДПМНЕ: дека партијата, повикувајќи се на изјавата на Груби, проширувајќи ја и надградувајќи ја, сега обвинува дека протестите против „Скопје 2014, заедно ги организирале студентско-граѓанските движења Плоштад слобода и Разбуди се.

„Високо образование без мерка“, објавува Дневник, кој наведува дека Македонија има повеќе од 40 економски и правни факултети!.

Дневник и другите провладини медиуми ударно ја објавија најновата анализа на Советот за радиодифузија, но за 2010 година, дека Владата, според бројот на рекламите во медиумите била дури на 18 место.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG