Достапни линкови

Волебек: Власта треба да ги спречи инцидентите


Обраќање на високиот претставник за национални малцинства во ОБСЕ, Кнут Волебек, пред собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците.
Обраќање на високиот претставник за национални малцинства во ОБСЕ, Кнут Волебек, пред собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците.

Инцидентите во Струга покажаа дека меѓуетничките тензии не му припаѓаат на минатото, а властите треба да ги спречат, порача високиот претставник за национални малцинства во ОБСЕ, Кнут Волебек.

Неодамнешните инциденти во Струга само не потсетија дека меѓуетничките тензии не му припаѓаат само на минатото. Доколку истите не се спречат, можат да го загрозат општеството во кое живеете. Затоа властите се должни да ги спречат и да обезбедат кохезија меѓу етничките заедници во земјава, им порача на пратениците во Комитетот за односи меѓу заедниците, високиот претставник за национални малцинства во ОБСЕ, Кнут Волебек.
Палењето знамиња, изразувањето говор на омраза, нападите врз религиозните споменици, сето ова покажува дека станува збор за политики кои доколку не се спречат можат да го загрозат општетсвото. Властите мора да применат ефективни политики за да го спречат тоа.
Кнут Волебек, ОБСЕ.

„Палењето знамиња, изразувањето говор на омраза, нападите врз религиозните споменици, сето ова покажува дека станува збор за политики, кои доколку не се спречат, можат да го загрозат општетсвото. Властите мора да применат ефективни политики за да го спречат тоа. Ги повикувам властите да го промовираат системот на интегрирано образование. Ова треба да превенира децата да растат во средина каде што има игнорирање на едниот од другиот. Училиштата ќе бидат ослободени од предрасуди и стереотипи“, рече Волебек.

Волебек упати апел до надлежниот Комитет да работи во насока на смирување на тензиите и зацврстување на мултиетничкиот карактер на државата во сите сфери на општеството. Порача надлежните да ги спроведат потребните реформи во образованието и да ја зголемат свеста кај сите етнички заедници во градењето на стабилна и просперитетна иднина.

Незадоволство од работата на
Во Македонија нема меѓуверски конфликт, за ова бидете убедени, нема ниту меѓуетнички конфликт, меѓутоа има влошување на меѓуетничките односи. Актуелната влада работи малку во оваа насока.
Зијадин Села, ДПА.
Комитетот за односи меѓу заедниците покажа пратеникот Зијадин Села од опозициската ДПА. Комитетот го опиша како кукла која на совршен начин успеала, како што рече, да го истера планот на Владата.

„Во Македонија нема меѓуверски конфликт, за ова бидете убедени, нема ниту меѓуетнички конфликт, меѓутоа има влошување на меѓуетничките односи. Актуелната влада работи малку во оваа насока.“

За разлика од Села, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева рече дека Македонија функционира како вистинска мултиетничка држава, која понекогаш се соочува со проблеми, но за кои има политичка волја да се решат.

„Ги надминавме конфликтите од 2011 година, заради длабоките корени на соживот, соживот кој ги врзува граѓаните на Република Македонија од различни етнички заедници и тоа направи Македонија да продолжи во мирни води понатаму да се развива.“

Според Бонева, медиумите треба да бидат повнимателни кога известуваат за чувствителни теми како што се меѓуетничките и меѓуверските тензии, со цел да не предизвикаат меѓуетничка омраза. Таа ја поддржа идејата на Волебек да се спроведат реформи во образованието и да се организираат повеќе дебати и трибини кои ќе ја подигнат свеста на јавноста за тоа како треба да функционира една мултиетничка држава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG