Достапни линкови

Македонија да ја преземе иницијативата


 Медијаторот Метју Нимиц, Скопје, 2010

Медијаторот Метју Нимиц, Скопје, 2010

Македонија, на средбите со медијаторот Метју Нимиц, треба да покаже дека е конструктивната страна во спорот за името, советуваат политиколозите.

Засега нема најави за тоа со кои позиции ќе настапи македонската страна на најавената средба со медијаторот Нимиц на 20 и 21 февруари во Скопје. Средбата е штотуку најавена, па се уште не можат да се најават и повеќе детали, велат од Министерството за надворешни работи и од Кабинетот на претседателот на државата.
Претпоставува дека ова е добро време, пред претстојниот Самит во Чикаго и после пресудата во Хаг, да направи определен притисок и врз Македонија и врз Грција за поголема конструктивност и од двете страни. Мислам дека ние сега треба да покажеме дека всушност ние сме тие кои се конструктивни, коишто навистина сакаме да го решиме спорот.

Засега, според соопштениуето од МНР, е најавена само како средба на која ќе се разговара за актуелните прашања во однос на надминувањето на разликите во спорот со Република Грција.

Според експертите, оваа средба може да се стави контекст на претстојниот самит на НАТО во Чикаго, но и на хашката пресуда, два момента кои, според нив, можеле да бидет поттик за медијаторот да ги продолжи разговорите и можеби да провери дали може да ги искористи за поместување на позициите. Во секој случај, за Македонија станува збор за поволен момент, анализираат експертите, којшто може да се искористи од наша страна доколку се покаже конструктивност и се настапи со нови идеи.

„Претпоставува дека ова е добро време, пред претстојниот Самит во Чикаго и после пресудата во Хаг, да направи определен притисок и врз Архивска фотографија: Медијаторот Метју Нимиц со претседателот Ѓорге Иванов и преговарачот Зоран Јолевски

Архивска фотографија: Медијаторот Метју Нимиц со претседателот Ѓорге Иванов и преговарачот Зоран Јолевски

Македонија и врз Грција за поголема конструктивност и од двете страни. Мислам дека ние сега треба да покажеме дека всушност ние сме тие кои се конструктивни, коишто навистина сакаме да го решиме спорот“, изјавува политикологот Владимир Божиновски.

Најголема грешка би било ако прашањето продолжи да се поставува дневно-политички, вели професор Мерсел Биљали. За да може да се
Јас мислам дека единствено можеме да се повикуваме на одлуката на Судот, но тоа не ни помага многу, затоа што проблемот е политички, но и тој сегмент можеме да го ставиме во погон за експлоатација, ако понудиме решение, некаков излез.

искористи хашката пресуда, која е јасно дека сама по себе нема политички импликации, сега е нужно да има конкретни предлози од наша страна, додава Биљали.

„Јас мислам дека единствено можеме да се повикуваме на одлуката на Судот, но тоа не ни помага многу, затоа што проблемот е политички, но и тој сегмент можеме да го ставиме во погон за експлоатација, ако понудиме решение, некаков излез.“

Биљали очекува дека и медијаторот Нимиц има некакво идејно решение, со оглед на тоа што го презема ова патување во регионот.

Пред еден месец во Њујорк тој се сретна со амбасадорите на двете страни. Ова беше продолжување на разговорите по едногодишна пауза. Според информациите од МНР, тој во Скопје ќе се сретне со претседателот на државата, премиерот и со шефот на дипломатијата. По Македонија, Нимиц, според најавите, ќе ја посети и Грција.
XS
SM
MD
LG