Достапни линкови

Грчките политичари без договор за штедење


Грчките политичари не успеаа да постигнат конечна согласност за реформите потребни за да се добијат клучните 130 милијарди евра меѓународна помош за да се избегне банкрот на земјата. По неуспехот на разговорите, министерот за финансии Евангелос Венизелос отпатува за Брисел каде што неговите колеги од еврозоната треба да разговараат за помошта на Грција. Грчката владејачка коалиција не успеа да постигне согласност за барањето на кредиторите за кратење во пензискиот систем во вредност од 300 милиони евра. Европската унија, ММФ и Европската централна банка, односно таканаречната тројка на грчки кредитори, бараат поголеми кратења на социјалните давачки во замена за пакетот без кој Грција би можело да банкротира во наредниот месец.
XS
SM
MD
LG