Достапни линкови

Совети во министерствата за купување време


Седница на Економски совет на Влада

Седница на Економски совет на Влада

Наместо да се формираат нови совети, проблемите треба да се решават во постоечките институции, во спротивно се друго е само купување време, велат аналитичарите.

Постоечките институции да се заложат за создавање на постојана политика за поддршка на стопанството, реагираат дел од упатените на владината иницијатива за создавање на Совет за конкуретност и претприемништво.
Па реално мислам дека нема ништо да придонесе, поради тоа што веќе постојат институции и организации кои се грижат во рамките на влaдата и министерствата, кои се грижат за развој на претприемништвото и развој на конкурентноста на македонските компании и фирми. Мислам дека ова генерално нема да придонесе ништо и дека е само некакво купување на време.

Тренерот за претприемништво Синиша Пекевски вели дека формирањето на ваков совет претставува купување на време.

„Па реално мислам дека нема ништо да придонесе, поради тоа што веќе постојат институции и организации кои се грижат во рамките на влaдата и министерствата, кои се грижат за развој на претприемништвото и развој на конкурентноста на македонските компании и фирми. Мислам дека ова генерално нема да придонесе ништо и дека е само некакво купување на време.“

Пекевски смета дека за помош на конкурентноста и претприемништвото треба да се ангажираат веќе постоечките институции.

„Реално треба да се седне и во тие Вицепремиерот Владимир Пешевски

Вицепремиерот Владимир Пешевски

институции кои веќе постојат и кои имаат некакви показатели, треба тие да изнајдат модул, начин, како да го помогнат тоа претпримништво и како да им помогнат на македонските компании да станат поконкурентни и да можат да се натпреваруваат како дома, така и надвор.“

Универзитетскиот професор Марија Зарезанкова Потевска вели дека
Во секој случај тие не се штетни, бидејќи на владата и даваат можност, стручни лица да го кажат своето мислење, вклучително и стопанствениците.
создавањето на владини совети е вообичаена пракса во развиените земји.

„Во секој случај тие не се штетни, бидејќи на владата и даваат можност, стручни лица да го кажат своето мислење, вклучително и стопанствениците.“

Таа смета дека работата на советите мора да придонесе кон прилагодување на владините политики

„Со советот може да даде и да предложи решение, доколку тие не се спроведуваат во пракса, или и понатаму остануваат низа рестриктивини мерки како што се ете високите казни, што во принцип не значи дека треба да се сфати во негативна конотација, туку во конотација да се создаде една финансиска дисциплина, но таа се создава во еден подолг период бидејќи македонското стопанство навистина е истоштено.“

Потребна е постојаност, заклучува Потевска:

„Значи мора да има конзистентност во мерките за поддршка на претпријатијата, тука ние секогаш како држава знаеме да не бидеме доследни. “

Инаку, Владата се подготвува за имплементација на педесетина мерки за подршка на стопанството.
XS
SM
MD
LG