Достапни линкови

Борби меѓу турската армија и курдски милитанти


Турските власти соопштија дека еден турски војник и тринаесет курдски милитанти загинале во југоисточниот дел на земјата. Во соопштението на турската армија се прецизира дека во текот на изминатата ноќ припадници на Работничката партија на Курдистан нападнале 10 локации во провинцијата Хакари. Оваа партија која од Турција, Соединетите држави и Европската унија е посочена како терористичка, се бори за независност на југоисточниот дел на Турција кој главно е населен од курди.
XS
SM
MD
LG