Достапни линкови

Попоски: Македонија има посебен интерес за пријателски односи со Русија


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Македонија има посебен интерес за градење, унапредување и продлабочување на добри и пријателски односи со Русија, како релевантен фактор на меѓународната сцена, но и како докажан традиционален партнер, оценува македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во интервју за руската новинска агенција ИТАР ТАСС. ,,Искрено се надевам, дека оваа година ќе имаме можност да ја потпишеме новата програма за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји,, вели во интервјуто Попоски, најавувајќи дека годинава е планирана посета на високо ниво на Москва, при што, освен политичките билатерални прашања, би биле разгледани и можностите за унапредување на економската соработка.
XS
SM
MD
LG