Достапни линкови

Претседателот на Чешка ќе се избира директно


Чешкиот парламент ја усвои промената на Уставот со која шефот на државата ќе се избира на директни избори, а не како досега во Парламентот. Вчера Сенатот го прифати овој предлог кој во декември беше усвоен и од Долниот дом. Идните претседатели ќе се избираат на пет години во две рунди гласања. Доколку кандидатот не добие 50 насто од гласовите во првиот, тогаш двајцата најдобропласирани одат во вториот круг. Следните избори за претседател треба да се одржат догодина кога на сегашниот Вацлав Клаус му истекуваат двата мандата на оваа главно церемонијална функција.
XS
SM
MD
LG