Достапни линкови

logo-print

Патријархот Кирил: ерата на Путин е чудо


Рускиот премиер Владимир Путин во Москва се сретна со лидерите на верските заедници во Русија. Притоа, поглаварот на Руската православна црква патријархот Кирил изјави дека времето на Путин претставува вистинско чудо. Тој додаде дека тие сакале да се видат со Путин како премиер, но пред се како кандидат за претседател кој има најмногу шнаси да победи на мартовските избори. Според Кирил, последните 12 години во Русија биле чудесни. На средбата со Путин, меѓу другите, присуствувале и лидерите на исламската, еврејската и будистичката заедница.
XS
SM
MD
LG