Достапни линкови

Контингент на АРМ се враќа од Авганистан


Денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе биде одржана свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ, кој во изминатите 6 месеци учествуваше во мисијата ИСАФ во Авганистан. Контингентот, составен од 149 припадници на 1. механизирана пешадиска бригада, најстар национален претставник и двајца штабни офицери, во Авганистан беше распореден во составот на британскиот контингент. Припадниците на АРМ беа ангажирани за целосно обезбедување на командата на ИСАФ во Кабул, обезбедување на објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан, борбено обезбедување на комуникации и области во зоната на одговорност и друго, се вели во соопштението од Генералштабот на АРМ.
XS
SM
MD
LG