Достапни линкови

Грчката влада без договор за планот за спас


Лукас Пападемос

Лукас Пападемос

Грчкиот премиер Лукас Пападемос до доцна во ноќта имаше состанок со коалициските партнери, но без постигнат договор за мерките за штедење и за пакетот реформи. Целта на разговорите била понудената меѓународна програма за спас во висина од 130 милијарди евра, за да се избегне финансискиот крах во март, но во замена за намалување на платите и бенефициите.
Според досегашните информации, соговорниците не можеле да се договорат околу кратењето на пензиите.
Во соопштението по средбата се истакнува дека разговорите ќе продолжат и денеска, во обид да се постигне договор пред вечерашната средба на министрите за финансии на евро зоната.
XS
SM
MD
LG