Достапни линкови

Министрите за финансии на еврозоната на состанок за Грција


Министрите за финансии од еврозоната вечер ќе одржат состанок во Брисел, на кој ќе разговараат за вториот спасувачки пакет за Грција, изјави претседателот на Еврогрупата, премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер.
Тој претходно истакна дека вечер ќе биде донесена одлука за тоа дали ќе се одржи состанок на Еврогрупата, во зависност од напредокот на преговорите во Атина за планот за помош за Грција во вредност од околу 130 милијарди евра.
Освен спасувачкиот план, министрите ќе разговараат и за спогодбата со грчките кредитори за отпишување на околу сто милијарди евра од грчкиот долг.
XS
SM
MD
LG