Достапни линкови

Турција и Арапската лига со нова иницијатива за Сирија


Ахмет Давутоглу

Ахмет Давутоглу

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека Турција и Арапската лига ќе предложат нова иницијатива за Сирија, соопштија турските медиуми. Давутоглу ситуацијата во Сирија ја оцени како „човечка трагедија“ и изјави дека Турција сака да обрне внимание на проблемот преку заедничка платформа надвор од ОН.
Постигнавме решение со Арапската лига за предлагање нова иницијатива, затоа што не можеме едноставно да стоиме и да бидеме набљудувачи на ова крвопролевање, изјави Давутоглу.
Тој изјавата ја даде на аеродромот Есенбога во Анкара пред да отпатува во САД, каде што ќе има средби со државниот секретар Хилари Клинтон и со претставници на Конгресот.
XS
SM
MD
LG