Достапни линкови

logo-print

Фабио Капело поднесе оставка


Фабио Капело

Фабио Капело

Фабио Капело поднесе оставка на местото селектор на фудбалската репрезентација на Англија, потврди фудбалскиот сојуз на таа земја. Италијанскиот стручњак ја поднесе оставката по состанокот со претседателот на сојузот Дејвид Бернштајн и со генералниот секретар Алекс Хорн.
„За време на состанокот и во целиот негов мандат Фабио се однесуваше крајно професионално. Ја прифативме неговата оставка и се согласивме дека тоа е исправна одлука“, изјави Бернштајн.
Позицијата на Капело беше доведена во прашање откако тој јавно се противстави на одлуката на сојузот за одземање на капитенската лента од Џон Тери, кој беше обвинет за расистички напад врз играчот на Квинс Парк Ренџерс Антон Фердинанд. Капело неодамна за РАИ изјави дека не се согласува со одлуката на сојузот се додека на суд не биде докажана вината на Тери.
Фабио Капело ја презеде англиската репрезентација во 2008-та година, кога го наследи Стивен Мекларен.
XS
SM
MD
LG