Достапни линкови

Боби Серафимовски со смут-џез ја „освојува“ Америка


Македонскиот музичар Боби Серафимовски.

Македонскиот музичар Боби Серафимовски.

Македонскиот композитор и мултиинструменталист Боби Серафимовски стана артист за месец февруари на мошне влијателното, специјализијано СМУТ-ЏЕЗ БИЧ РАДИО во Сан Франциско, во САД. Ова подразбира дека неговата авторска музика ќе добие посебен третман во престојниот период, а авторот ќе се искачи едно скалило погоре во градењето на својата интернационална кариера.

Благодарение на новата композиција „Пијано револуција“ и музиката од својот трет албум „Без граници“ што минатата година како дигитално издание се најде на американскиот пазар, Боби Серафимовски е прогласен за артист за месец февруари на СМУТ-ЏЕЗ БИЧ РАДИО од Сан Франциско. Се работи за специјализирана, мошне влијателна радио станица која го емитува овој тип на музика, а зад која со својот авторитет стои сопственикот и водител Луи Маркс, инаку одличен познавач на приликите во оваа област .
Луј Маркс е многу познат во Америка, како човек којшто одлично ги познава приликите од областа на смут-џез музиката. Човек којшто има контакти, којшто промовирал многу познати светски џез артисти. Прозорците се отворени со тоа што имаме интернет, комуницираме често со нив, се слушаме и на тој начин тој и дозна за мојот албум „Ноу бордерс“, даде многу позитивни критики за него, нормално ме промовираше на неговото радио и со тоа што публиката ја засака мојата музика и лично тој даде одлично мислење, јас сум, на мое големо задоволство, артист за месец февруари на СМУТ-ЏЕЗ БИЧ РАДИО од Сан Франциско, Калифорнија.

„Луј Маркс е многу познат во Америка, како човек којшто одлично ги познава приликите од областа на смут-џез музиката. Човек којшто има контакти, којшто промовирал многу познати светски џез артисти. Прозорците се отворени со тоа што имаме интернет, комуницираме често со нив, се слушаме и на тој начин тој и дозна за мојот албум „Ноу бордерс“, даде многу позитивни критики за него, нормално ме промовираше на неговото радио и со тоа што публиката ја засака мојата музика и лично тој даде одлично мислење, јас сум, на мое големо задоволство, артист за месец февруари на СМУТ-ЏЕЗ БИЧ РАДИО од Сан Франциско, Калифорнија“, вели Серафимовски.
Македонскиот музичар Боби Серафимовски.

Македонскиот музичар Боби Серафимовски.


Серафимовски, во сопственото студио во Куманово, веќе неколку месеци наназад работи и на композициите за следбеникот на својата прва објава за интернационалниот пазар „No Borders“ од која токму „Piano Revolution“ е еден од најавните синглови. Песната полека си го пробива патот до слушателите, а нашиот автор, во очекување на комплетирање на изданието, верува дека на убав прием ќе наидат и неговите материјали работени за филмски и телевизиски проекти.

„Во меѓувреме, главна цел во мојата музичка кариера е пласирање на филмски теми коишто исто така веќе се наоѓаат Мјузик олмека, каде што ги нудат моите дела, договорот ни е потпишан уште од пред две години. Има нови контакти со нови промотери коишто промовираат и претставуваат светски композитори од областа на филмската музика и се надевам дека оваа 2012 година ќе биде плодна година за мене како автор, како музичар, со една одлична промоција како за себе, така се разбира и промоција на Република Македонија во светот“, вели Серафимовски.

Инаку, за потребите на своите скорешни концертни претставувања Боби Серафимовски од неодамна формира сопствено трио и најавува засилена активност на светските сцени.

„Имав комуникација и контакти со Род Лукас кој и ме промовираше во Лондон. Човекот едноставно сака да биде посредник и да организира некои мои настапи во Велика Британија. Сето тоа може да се случува некаде напролет или почетокот на летото, како и некои контакти со џез и блуз фестивали во Америка, коишто ќе се одржат во јуни, јули и август 2012 година“, вели Серафимовски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG