Достапни линкови

logo-print

Дисциплински мерки за злоупотреби при посвојувањето деца


Поведени се дисциплински постапки за 28 луѓе од Центрите за социјална работа поради пропусти при посвојувањето деца, а не е исклучено и поднесување кривични пријави, најави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Внтрешните контроли и истрагите во Центрите за социјална работа на Министерството за труд и социјална политика покажаа дека има пропусти во системот за посвојување деца и недоследности во примената на законите. Во рамки на контролите, поведени се дисциплински постапки за 28 стручни лица кои се распоредени на други работни места, а не е исклучено и поднесување на соодветни кривични пријави.

Многу помалку бев фокусиран на тоа да треба да уапсиме двајца, тројца или пет души. Поголемиот фокус ми беше во овој момент да буквално се доведеме во ситуација да нема деца коишто се подготвени за посвојување и да чекаат, а од друга страна, повторувам дека кривичната одговорност не застарува, меѓутоа заради потребите од правилно водење на постапката имаме обврска да не изнесуваме детали.
Поднесени се иницијативи за отпуштање од работа на 5 лица вработени во Центри за социјална работа, а двајца директори во Центри за социјална работа и еден директор на Установа се разрешени од работа, наведе министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

„Многу помалку бев фокусиран на тоа да треба да уапсиме двајца, тројца или пет души. Поголемиот фокус ми беше во овој момент да буквално се доведеме во ситуација да нема деца коишто се подготвени за посвојување и да чекаат, а од друга страна, повторувам дека кривичната одговорност не застарува, меѓутоа заради потребите од правилно водење на постапката имаме обврска да не изнесуваме детали“, вели Ристовски.
Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.

Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.


Претходно, Министерството ги смени сите членови на Комисиите за посвојувања и во ноември минатата година беше формирана нова комисија за посвојување. Резултатите од работата на новата комисија покажуваат дека во период од два месеци се извршени 40 посвојувања, онолку колку што биле остварени минатата година во целина.

Имаше ситуации во коишто некое дете коешто било дадено, значи предадено за да биде впишано во регистарот на можни посвоеници било држено на пример девет месеци незапишно.
„Ненавремено биле пријавувани децата. Имаше ситуации во коишто некое дете коешто било дадено, значи предадено за да биде впишано во регистарот на можни посвоеници било држено на пример девет месеци незапишно што де факто во електронската евиденција на комисијата воопшто и не постоеше. Најдовме неколку такви случаи“, вели Ристовски.

Заради правилно констатирање на здравствената состојба формирана е и комисија која извршила детален здравствен преглед на децата во домот во Битола. Со новата категоризација, многу деца кои досега се воделе како деца со нарушена здравствена состојба, сега влегуваат во категоријата здрави деца. Според лекарската евиденција такви се 57 деца.

Во минатото, бројката била значително помала. Само за пример, во 2010 година имало евидентирано 30 здрави деца. Во однос на законската регулатива, предложено е да се направат измени на Законот кои предвидуваат и глоби.

Контролите беа преземени по неколку случаи што беа објавени во медиумите во изминатиот период за евентуално криминално дејство на посвојување деца. Тие предизвикааа бројни реакции и сомнеж кај повеќе семејства кои прашуваа што се случило со нивните новороденчиња за кои во болница им било кажано дека починале. Дека од некаде се почнало, треба да покаже наредниот период.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG