Достапни линкови

Тачи-нема специјален статус за северниот дел на Косово


Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи ја отфрли можноста за специјален статус за северниот дел на Косово. Тој по разговорот со претставникот на ЕУ Самуел Жбогар изјави дека нема да има посебен, специјален или автономен третман ни за некоја етничка заедница, ни за дел од територијата на Косово.
Жбогар побара властите во Приштина повеќе да се ангажираат во јакнењето на владеењето на законот и вети помош во изнаоѓање решение за северниот дел на Косово и ја изрази подготвеноста на ЕУ да му помогне на Косово на европскиот пат.
XS
SM
MD
LG