Достапни линкови

logo-print

Неисправна вода за пиење во општина Долнени


Архивска фотографија: Општина Долнени.

Архивска фотографија: Општина Долнени.

Дел од селата во општина Долнени користат бактериолошки неисправна вода за пиење. Локалната самоуправа се жали дека нема пари да го реши проблемот одеднаш во сите села.

Мраморани, Рилево, Маргари, Стровија се дел од селата во долненска општина кои многу често користат бактериолошки неисправна вода за пиење. Овој проблем е актуелен, откако се премести хлорната станица од Барбарас во месноста Песјобрдце во непосредна близина на Прилеп, па се користи и нехлорирана вода. Не е реткост оваа вода од Студенчица да биде здравствено неисправна. Проблемот всушност се повторува со години и е последица на фактот што овие рурални средини се снабдуваат со вода од локални бунари, а и водоводите во одредени села не се соодветно третирани.
Имаме проблем со здравствената исправност и квалитет на водата за пиење, онаму каде што не стопанисува водостопанска организација и каде водоснабдувањето на населението е од индивидуални бунари или пак јавни бунари, каде не се врши дезинфекција на водата за пиење.

„Имаме проблем со здравствената исправност и квалитет на водата за пиење, онаму каде што не стопанисува водостопанска организација и каде водоснабдувањето на населението е од индивидуални бунари или пак јавни бунари, каде не се врши дезинфекција на водата за пиење. Примероци со неисправна вода за пиење имаме од населените места во Општина Долнени“, вели д-р Петар Оханесјан од прилепскиот регионален Центар за јавно здравје.
Д-р Петар Оханесјан.

Д-р Петар Оханесјан.


Во вакви случаи здравствените стручњаци секогаш издаваат задолжително забрани и советуваат превривање на водата, за да се спречат поголеми последици по здравјето на жителите. Досега не се појавила епидемија која може да се доведе во корелација со здравствената неисправност на водата.

Од Општина Долнени велат дека локалната самоуправа нема доволно средства да го реши проблемот одеднаш во сите села, но оти се бараат сукцесивни решенија.
Почнавме со изградба на хлорна станица во населеното место Дебреште, која ќе ги задоволува потребите, односно ќе ја заштитува водата од трите општини: Крушево, Кривогаштани и дел од Општина Долнени. Таа хлорна станица е готова, пуштена во употреба и тој дел од селата користат хлорирана вода. Меѓутоа проблемот не е завршен.

„Почнавме со изградба на хлорна станица во населеното место Дебреште, која ќе ги задоволува потребите, односно ќе ја заштитува водата од трите општини: Крушево, Кривогаштани и дел од Општина Долнени. Таа хлорна станица е готова, пуштена во употреба и тој дел од селата користат хлорирана вода. Меѓутоа проблемот не е завршен, другите населени места кои се надвор од овој дел пијат вода која не можеме да ја хлорираме, од причина што и таму ни требаат такви хлорни станици“, вели градоначалникот Абдула Бајрамоски.

Според него, друг проблем е што жителите воопшто не покажуваат добра волја за решавање на проблемите. Иако често се одржуваат собири, тие одбиваат да плаќаат за вода, а огромни се и долговите на некои села кон ЕВН за потрошена струја за работа на пумпите, за некои локални водоводи.

„Тоа се големи пари, преку 30 илјади евра, земајќи ја ситуацијата што поголем дел од населението е не ја плаќа водата“, вели Бајрамоски.

Тој најмногу надежи полага на средствата што може да се добиваат од Министерството и странските донатори. Само така, вели, може да се реализираат проектите за изградба и ставање во функција на водоводи со здравствена исправна вода за пиење во целата долненска Општина.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG