Достапни линкови

Средба на Бериша и косовскиот преговарач во дијалогот со Белград


Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша и косовскиот преговарач во дијалогот со Белград Едита Тахири при денешната средба во Тирана се заложија за почитување на границите на Балканот, што според нив е во интерес на регионот и укинување на паралелните структури во северно Косово, кои се предуслов за напредок во бриселскиот процес.
Тахири го информираше Бериша за преговорите меѓу Приштина и Белград, кои се водат под покровителство на Европската унија, како и за развојот на настаните по одлуката за ставање крај на набљудувањето на независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG