Достапни линкови

Планот за спас на маса пред грчките лидери


Атина 7.02.2012

Конечниот текст на планот за спас, договорен меѓу Грција и нејзините кредитори од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, денеска им беше предаден на тројцата лидери на политичките партии што ја поддржуваат Владата, со цел да го одобрат на средбата закажана за на пладне, соопшти конзервативната партија Нова демократија.
Последната верзија на текстот на планот на 50 страници беше усогласена во текот на ноќта за време на разговорите меѓу грчкиот премиер Лукас Пападимос и меѓународната „тројка“ претставници од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG