Достапни линкови

Нордијците оптимисти пред Светското првенство


По исполнетите норми за Светското првенсто и за Олимписките игри во Сочи, репрезентативците во нордиско скијање и во бијатлон со зголемена самодоверба ги чекаат четирите бијатлонски трки од ИБУ купот во Канада.

Македонските репрезентативци во нордиско скијање и во бијатлон, Дарко Дамјановски и Ѓорѓи Ицоски и селекторот Ѓоко Динески, по исполнетите норми за Светското првенсто и за Олимписките игри во Сочи, со зголемена самодоверба ги чекаат најзначајните натпревари сезонава. Станува збор за четирите бијатлонски трки од ИБУ купот, кои од 11-ти до 17-ти февруари ќе се одржат во канадскиот Кенмор, како и за Светското првенство од 29-ти февруари до 10-ти март во германскиот Руполдинг.
Врвна цел ни е Светското првенство и ние веќе ја темпираме и ја насочуваме формата кон СП. Меѓутоа мислам дека и тука би можеле да го дадат својот максимум. Целта ни е да собереме бодови како нација и да се пласираме во првите три земји кои не настапуваат на Светскиот куп и со тоа да добиеме шанса наредната сезона да се вратиме повторно во Светскиот куп. Шансите се реални со тоа што таму има 4 силни натпревари на коишто мислиме дека ќе собереме доволно бодови за да се избориме да стигнеме во тие први три нации.

Освен за индивидуалниот, тие на овие натпревари ќе бркаат резултати и за подобрување на репрезентативниот рејтинг, односно за пласман во Светскиот куп. Селекторот верува дека неговите избраници таа цел може да ја исполнат уште во Канада:

„Врвна цел ни е Светското првенство и ние веќе ја темпираме и ја насочуваме формата кон СП. Меѓутоа мислам дека и тука би можеле да го дадат својот максимум. Целта ни е да собереме бодови како нација и да се пласираме во првите три земји кои не настапуваат на Светскиот куп и со тоа да добиеме шанса наредната сезона да се вратиме повторно во Светскиот куп. Шансите се реални со тоа што таму има 4 силни натпревари на коишто мислиме дека ќе собереме доволно бодови за да се избориме да стигнеме во тие први три нации“, изјави Динески.

На прашањето дали е оптимист и кога е во прашање настапот на Мундијалот, Динески вели:

„Оптимисти сме секој пат, меѓутоа останува многу работа. Знаеме сите колку е силна конкуренцијата во бијатлон. Таму 40 натпреварувачи се во секое време способни и спремни да влезат во првите три места, односно во медаља. Тоа значи многу силна конкуренција. Очекувам ние да постигнеме што подобро време и што помал процент на заостанување со што би си го обезбедиле нашето место и нашето учество на тие големи светски натпревари“.

Слично размислува и нашиот најголем адут, Дарко Дамјановски. Тој признава дека формата не му е на потребното ниво, што, сепак, не е причина да не верува дека има сили на трките во Канада да влезе меѓу 30-те најдобри, а на Мундијалот да атакува на пласман до 60-тото место.

„Уште не сум во најдобра форма, но се надевам со добра стрелба дека и формата ќе се покачи. Нормално дека психата многу делува. Добар резултат е да влеземе во 60 на Светското првенство. Тоа е голем резултат, тоа е навистина врв. Се надеваме, сме работеле околу формата за Светското првенство и се надеваме на исклучително добар резултат“, рече Дамјановски, кој изминатиот викенд со по едно четврто и деветто место, беше најдобропласираниот македонски нордиски скијач на 49-тиот Мавровски меморијал.
XS
SM
MD
LG