Достапни линкови

Советот за Безбедност ќе расправа за Косово


Генерален секретар на ОН Бан Ки Мун

Во седиштето на ОН во Њујорк денеска ќе биде одржана седница на Советот за безбедност на која ќе биде разгледан најновиот извештај на генералниот секретар на ОН за Косово, а во рамки на расправата и извештајот за работата на ЕУЛЕКС, вклучувајќи ја и активноста на специјалниот тим за истрага за извештаите за трговија на човечки органи.
Во извештајот на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, оценето е дека потенцијално нестабилната ситуација на Косово влијае на дијалогот Белград-Приштина, како и на разговорите за европската перспектива на целиот регион.
Бан во извештајот, кој го опфаќа периодот од 16 октомври минатата до 15 јануари оваа година, наведува дека иако дошло до намалување на тензиите во последниот период тој останува загрижен поради нестабилната ситуација и постојаниот ризик од провокации и ескалации на меѓуетничките тензии.
Првиот човек на ОН исто така предупредува дека ситуацијата статус кво не може да биде пат кон решавање на косовскиот проблем.
XS
SM
MD
LG