Достапни линкови

logo-print

Орбан горд на новиот Устав


Антивладини протести во Унгарија, јануари 2012.

Антивладини протести во Унгарија, јануари 2012.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека е горд на новиот Устав на земјата и ги стави под прашалник мотивите на оние што го критикуваат. Критичарите на новиот Устав, меѓу кои и Европската комисија, велат дека тој ја подрива демократијата со тоа што ја нарушува независноста на Централната банка и судството. Во годишното обраќање до јавноста, Орбан рече дека Уставот ќе и помогне на Унгарија да се заштити од должничката криза во еврозоната. Тој тврди дека критичарите се финансиски мотивирани од интересите на унгарскиот пазар и ресурси.
Орбан претходно посочи дека е подготвен да смени некои од законите, поради тоа што на неговата влада и е неопходна кредитната линија од 20 милијарди евра од ЕУ и од ММФ.
XS
SM
MD
LG