Достапни линкови

Машиновозачите штрајкуваат со 40 километри на час


Илустрација.

Илустрација.

Синдикатот на машинците во Македонски железници штрајкува зашто не е вклучен во преговорите за новиот колективен договор. Машиновозачите нема да ги возат локомотивите што се технички неисправни, а со исправните ќе возат 40 километри на час.

Независниот синдикат на машинскиот персонал во Македонски железници неколку дена протестира зашто не е вклучен во преговорите за новиот колективен договор. Претседателот Ристо Пејовски стравува дека синдикалните активности што ги спроведуваат преку селективен избор на локомотиви со кои ќе сообраќаат, може да бидат причина компанијата во наредниот период да им достави откази.
Јас како претседател, заменик претседателот и уште двајца што ги почитуваат одлуките што ги донесовме на состанокот, работно не сме ангажирани. Јас кога се јавувам сега на работа, прашувам кога сум на работа и надзорникот ми вели дека сум слободен тој термин и еве го пет, шест, седум дена не сум работно ангажиран.

„Ние, јас како претседател, заменик претседателот и уште двајца што ги почитуваат одлуките што ги донесовме на состанокот, работно не сме ангажирани. Јас кога се јавувам сега на работа, прашувам кога сум на работа и надзорникот ми вели дека сум слободен тој термин и еве го пет, шест, седум дена не сум работно ангажиран“, вели Пејовски.

Раководството на „Македонски железници“ наведе дека нема да го вклучи Независниот синдикат на машински работници во преговорите за Колективниот договор. Според раководството, Синдикатот што го најавува штрајкот има околу 60 члена, наспроти 1.400 вработени и не е репрезентативен, а најавениот штрајк претставува прекин на работата, а не штрајк, затоа што штрајк се организира во согласност со Законот за работни односи и со Законот за железнички систем.
Работодавачот, согласно позитивните законски прописи, нема право да презема никакви мерки и санкции против оние синдикални претставници коишто барале да учествуваат во социјалниот дијалог. Ако евентуално од работодавачот бидат преземени такви постапки и такви одлуки по тој основ, и Законот за работни односи и европските конвенции и директиви покажуваат дека се ништовни.

Претседателот на синдикатот Ристо Пејовски кажа дека машинците нема да ги возат локомотивите што технички се неисправни, а со исправните ќе возат 40 километри на час.

„Директорот не ги дава потребните услови за работа што треба да ги даде. Ние работиме согласно условите за работа.“

Експертите по трудово право потсетуваат дека основно правило во социјалниот дијалог е работодавачите и синдикатите да разговараат за прашања што ги уредуваат нивните права.

„Сигурно дека работодавачот, согласно позитивните законски прописи, нема право да презема никакви мерки и санкции против оние синдикални претставници коишто барале да учествуваат во социјалниот дијалог. Ако евентуално од работодавачот бидат преземени такви постапки и такви одлуки по тој основ, и Законот за работни односи и европските конвенции и директиви покажуваат дека се ништовни“, наведува Драге Јовановски.

Според неговите зборови, важно е во синдикатите да постојат и правни служби кои ќе ги водат споровите.

„Мислам дека работниците не поведуваат спорови, инаку претпоставувам дека судот, кога ќе се изнесат сите аргументи и докази во оваа смисла во која зборуваме, дека ќе пресудува за работниците, односно ќе ги поништува таквите одлуки на работодавачите“, вели Јовановски.

Во меѓувреме, во Македонски железници, наместо да бидат приоритет работничките права, синдикалците водат полемика за тоа кој е репрезентативен, а кој не, да учествува во донесувањето на колективниот договор.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG