Достапни линкови

Од најдобар работник до социјален случај


Нина Диму пребарува по контејнерите.
Нина Диму пребарува по контејнерите.

Нина Диму некогаш била најдобар работник во Медицинска пластика во Тетово, а сега бара храна по кантите за отпадоци. Нема струја, а живее со социјална помош од 1.000 денари.

На температури под нула, без греење и доволно храна. Во вакви услови некако преживува 54-годишната Нина Диму од Тетово. Поради неплатените сметки, струјата подолг период и е исклучена, а единствено сигурен е топлиот оброк кој оваа тетовка секое утро го зема од народната кујна. Како невработена и социјален случај, Диму живее со 1.000 денари кои месечно ги добива како социјална помош. Во вечерните часови кога студот гризе, на Диму и е најтешко, бидејќи струја нема, а таа е принудена ноќта да ја минува под свеќа. Дину успева да загрее само една мала просторија од трошната куќа во која живее. Се затоплува од огнот кој го потпалува од гранките што ги собира во блискиот парк.
Ладно е кај мене. Идам по контејнерите, собирам гранки да можам да го запалам ќумбето. Што да правам. Мора да се грејам на нешто.
Нина Диму.

„Ладно е кај мене. Идам по контејнерите, собирам гранки да можам да го запалам ќумбето. Што да правам. Мора да се грејам на нешто“, вели Диму.
Нина Диму во нејзиниот дом.
Нина Диму во нејзиниот дом.

Колку што можат, на Нина Диму најмногу и помагаат соседите. Во време на криза, парите на сите им недостасуваат, но прехранбени, хигиенски производи и облека како помош од соседитен од време на времен пристигнуваат во домот на Диму.

„Парично не, ама со другите работи ја помагаме како комшии. Што можеме, со храна, со облека... Од Центарот за социјални грижи не сме ги забележале, не дошле“, вели еден сосед на Нина Диму.
Парично не, ама со другите работи ја помагаме како комшии. Што можеме, со храна, со облека... Од Центарот за социјални грижи не сме ги забележале, не дошле.
Сосед на тетовката Нина Диму.

Во добрината и подготвеноста на соседите да помогнат, Диму гледа надеж за да може да го помине следниот ден.

„Алишта ми дадоа полно. Што да правиме, мора некако да се снаоѓаме“, вели таа.

Диму порано била вработена во Медициска пластика, фабрика која пред 5 години влезе во стечај. Оттогаш почнува да се раскажува приказната за кошмарно лошата социјална состојба во која запаѓа оваа жена. Несреќата не доаѓа сама, па така пред неколку месеци смртта и го одзела и сопругот, па ситуацијата станува безизлезна.

Некогаш Нина Диму била најдобар работник во Медицинска пластика, но сега таа честопати бара храна и по кантите за отпадоци. Во нејзиниот дом нема никакви услови за лична хигиена, а вода полни од јавните чешми кои за жал честопати во градот секнуваат. Бидејќи надежта последна умира, Нина Диму се надева дека судбината ќе и се промени, надлежните институции ќе и излезат во пресрет и ќе и помогнат да ја надмине тешката ситуација во која се наоѓа.
XS
SM
MD
LG