Достапни линкови

Иранските пратеници бараат од Ахмадинеџад објаснување за економската политика


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Иранските претници побараа претседателот Махмуд Ахмадинеџад да им одговори на поплаките од кои најголем дел се однесуваат на економската политика. Пратениците за прв пат од Исламската револуција во 1979 година се осмелија да му се спротистават на претседателот.
Конзервативните пратници кои доминираат во Парламентот го обвинуваат Ахмадинеџад дека се обидува да го поткопа исламското раководство преку користењето на државен имот за поддршка на некои од партиите, како и за вмешаност во скандалот со проневера на неговата парламентарна фракција.
Ахамдинеџад ги отфрли обвинувањата.
XS
SM
MD
LG