Достапни линкови

Прекината наставата во 124 училишта низ Македонија


Министерот за образование и наука Панче Кралев

Министерот за образование и наука Панче Кралев

Министерот за образование и наука Панче Кралев изјави денеска дека поради снежното невреме во 28 општини низ Македонија има прекин на наставата, односно наставата не се одвива во 124 училишта, од кои 15 средни и 109 основни.
Кралев апелираше до сите општини да направат проценка дали наставата треба да се одвива тековно, со скратени часови или целосно да биде прекината. Според министерот, изгубените часови ќе се обработат во иднина.
XS
SM
MD
LG