Достапни линкови

Обид за бегство на двајца затвореници во Србија


Затворот во Белград

Затворот во Белград

Српските власти соопштија дека поранешните припадници на Земунскиот клан, Сретко Калиниќ и Жељко Миловановиќ се обиделе денеска да избегаат од окружниот затвор во Белград. Според соопштението затворениците се обиделе да побегнат, откако ги совладале припадниците на обезбедувањето, но не успеале во нивната намера, бидејќи полицијата ги фатила во дворот на затворот.
Калиниќ е осуден на 30 години затвор поради убиство на српскиот премиер, Зоран Ѓинѓиќ, а Милановиќ во Хрватска е осуден на 40 години затвор поради убиство на новинарот, Иво Пуканиќ.
XS
SM
MD
LG