Достапни линкови

logo-print

Турција предлага нова иницијатива за Сирија


Анти-владините протести во Сирија

Анти-владините протести во Сирија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган објави денеска дека ќе предложи нова меѓународна иницијатива за Сирија по блокирањето на резолуцијата во Советот за безбедност на ОН. Според Ердоган, иницијативата ќе биде во соработка со земјите кои го поддржуваат сирискиот народ.
Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност во која се повикуваше сирискиот претседател Башар ал Асад да поднесе оставка за да се стави крај на крвопролевањата во земјата.
XS
SM
MD
LG