Достапни линкови

Штрајк во рудник за злато во Киргистан


Околу 1.400 работници од најголемиот рудник за злато во Киргистан денеска стапија во штрајк. Како што јавува дописникот на Радио Слободна Европа од Бишкек јавува дека нивните главни барања се зголемување на сумата за социјално осигурување и тоа за периодот од 1993-та до 2010-та година, кое треба да го плати канадската компанија која работи со рудникот. Претставник на канадската компанија соопшти дека уплатите за социјално осигурување биле во договор со рударите и во согласност со киргистанските закони и оти тој договор е валиден до крајот на 2012-та.
XS
SM
MD
LG