Достапни линкови

Лавров на дипломатска мисија во Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе отпатува за Сирија, што претставува обид на руските власти да посредуваат во конфликтот во земјата. Лавров би требало да се сретне со сиријскиот претседател Башар ал Асад, кој се соочува со востание против неговото владеење веќе 11 месеци. Руската дипломатска мисија се случува откако Русија заедно со Кина го искористија правото на вето во Советот за безбедност при Обединетите нации на гласањето на резолуцијата за подршка на планот на Арапската лига, со кој се препорачуваше Асад да отстапи од функцијата и да се отпочне политичка транзиција во Сирија.
XS
SM
MD
LG