Достапни линкови

Бан Ки Мун апелира Абас да не отстапи од преговорите со Израел


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун испрати апел до палестинскиот претседател Махмуд Абас да не отстапува од преговорите со Израел. Апелот следи откако Абас и неговото движење Фатах потпишаа договор со ривалското движење Хамас. Согласно договорот кој беше потпишан во Доха, Хамас и Фатах би требало да состават техничка влада пред изборите закажани во Мај. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагираше на информацијата со порака до Абас, да избере мир со Хамас или мир со Израел. Хамас одбива да преговара со еврејската држава и организираше многубројни напади.
XS
SM
MD
LG