Достапни линкови

Тачи би се сретнал со Тадиќ, ама под одреден услов


Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи ја изрази својата подготвеност да се сретне со српскиот претседател Борис Тадиќ, но единствено ако тема на разговорот биде признавањето на Косово. Според Тачи, останатите точки и проблеми можат да се решат со меѓудржавни односи, како и со другите соседни земји.
Тадиќ пак за време на престојот во Босна и Херцеговина истакна дека би разговарал со Тачи под услов на таа средба да не се промовира државноста на Косово, туку да помогне во решавање на проблемите.
XS
SM
MD
LG