Достапни линкови

Кодекс за дисциплинирање на пратениците


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Не е лошо да се има кодекс за однесување на пратениците, но наместа кодексот се претерал, па има одредници кои дури се навредливи за самите пратеници, сметаат дел од народните избраници.

Почетокот на оваа недела е крајниот рок што го побара претседателот на Собранието Трајко Вељаноски од пратеничките групи да се изјаснат за текстот на етичкиот кодекс на парламентот и воедно да достават свои предлози, измени или дополнувања.
Во Собранието мислам дека треба да завладее политичкиот дијалог, да почнеме да се разбираме меѓусебе, секако секој ќе си ја тера својата политика, своите приоритети, меѓутоа мора да има еден однос меѓу пратениците, заради позицијата на самиот законодавен дом.

Во Пратеничката група на СДСМ велат дека имаат свои забелешки за овој предлог текст кој треба да биде донесен со консензус од сите пратенички групи. Цветанка Иванова посочи дека не е лошо да се има кодекс, но во истовреме упати критики дека со прописите не може ништо особено да се постигне за суштински работи а тоа е да има дијалог и највисоката законодавна институција да биде незвисна од извршната власт.

„Во Собранието мислам дека треба да завладее политичкиот дијалог, да почнеме да се разбираме меѓусебе, секако секој ќе си ја тера својата политика, своите приоритети, меѓутоа мора да има еден однос меѓу пратениците, заради позицијата на самиот законодавен дом“, коментира Цветанка Иванова од СДСМ.

Предлогот на овој Кодекс е составен според примерот на британскиот парламент, земјите од регионот и балтичките земји и го уредува однесувањето на пратениците.

Александар Спасеновски посочи дека Собранието има обврска да го
Само ќе се оптеретиме со правилници, правила, прописи. Во крајна инстанца не мора да се пропишуваат посебно, на пример дека пратеникот машко, треба да пропушти пратеничка, што според мое лично мислење не се пропишува никаде посебно со пропис, него се тоа учени, прифатени вредности кои се применуваат во секојдневието.
донесе кодексот и дека истиот е одредница за нашиот ЕУ-напредок.

„Наспроти уставните одредби, оредбите од Деловникот на Собранието на Република Македонија, како и Законот за Собранието, етичкиот кодекс ќе помогне уште повеќе законодавниот дом да ги остварува во полн капацитет своите надлежности коишто ги има со споменатите акти.“

Забелешки има и од пратеничката група на ДУИ. Се наведуваат работа од општа култура и ние таму ќе имаме раекции, наведува Талат Џафери.

Иако не сакаше многу да коментира, Џафери посочува дека мисли дека се претерало во некои делови во тој Кодекс, кои се дури и навредливи за самите пратеници.

„Само ќе се оптеретиме со правилници, правила, прописи. Во крајна инстанца не мора да се пропишуваат посебно, на пример дека пратеникот машко, треба да пропушти пратеничка, што според мое лично мислење не се пропишува никаде посебно со пропис, него се тоа учени, прифатени вредности кои се применуваат во секојдневието.“

Неодамна преседателот на Собранието Трајко Вељаноски изјави дека очекува етичкиот кодекс да биде донесен до април. Идниот кодекс ќе претставува збир на усвоени правни, политички, етички и културни норми, принципи, вредности и цели од кои пратениците се должни да се раководат во својата работа и однесување. А граѓаните сé уште не можат да ги препознаат сите промени што ги направи Собранието за да се зголеми ефикасноста на народните избраници Највисоката законодавна институција во државата сé уште од јавноста добива средна оценка добар три.

Според последното истражување на Институтот за демократија, бавното зголемување на оценката за работата на Собранието меѓу другото се должи на задоцнетите ефекти кај граѓаните за работи што веќе Собранието ги направи пред две или три години, со воведување на новиот деловник.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG