Достапни линкови

Груевски обвинува наместо да презема мерки


Премиерот Никола Груевски.
Премиерот Никола Груевски.

Опозициските партии сметаат дека премиерот залудно ја бара вината во опозицијата за меѓуетничките тензии. Тие порачуваат сторителите да се најдат и да бидат казнети. Полицијата се уште работи на расветлување на настаните.

Доколку постојат познати прекршители на законот, тие треба да бидат казнети, реагира опозицијата на изјавата на премиерот дека зад последните настани што ги вжештија меѓуетничките и меѓуверските односи во земјата стојат партиски мотивирани лица од опозицијата.
Секогаш за работите за кои е задолжен Тој и Владата која што тој ја раководи, за жал, бара вина во СДСМ. Крајно време е да седне и да ги решава работите отворено и искрено, како што доликува на премиер на една држава. Апсолутно од политички побуди премиерот дава вакви изјави.
Зоран Заев, СДСМ.

Не е ништо ново виновникот за се власта да го бара во опозицијата, велат од опозициската СДСМ. Станува збор за политички мотивирана изјава поради неспособноста да се преземе одговорноста и да се разветлат настаните, вели Зоран Заев од оваа партија.

„Секогаш за работите за кои е задолжен Тој и Владата која што тој ја раководи, за жал, бара вина во СДСМ. Крајно време е да седне и да ги решава работите отворено и искрено, како што доликува на премиер на една држава. Апсолутно од политички побуди премиерот дава вакви изјави.“

Ако премиерот има такви индиции треба сторителите да понесат одговорност, велат од
Протест на албански невладини организации, Скопје, 2010
Протест на албански невладини организации, Скопје, 2010
опозициската ДПА според кои инцијаторите на последните тензии токму седат во власта.

„Не е опозицијата таа која дава карти за натпреварите во Ниш или во Белград, не е опозицијата таа што ги пречекува како херои тие што шират меѓуетничка омраза, тоа се претседателот и премиерот. И на Калето кога беа немирите, не беше опозицијата виновна“, изјави Зијадин Села од ДПА.
Не е опозицијата таа која дава карти за натпреварите во Ниш или во Белград, не е опозицијата таа што ги пречекува како херои тие што шират меѓуетничка омраза, тоа се претседателот и премиерот. И на Калето кога беа немирите, не беше опозицијата виновна.
Зијадин Села, ДПА.

Актуелната власт којашто има недемократски карактеристики ги произведува и ваквите изјави во кои виновниците се бараат насекаде освен во самиот себе, анализира професорот Мерсел Биљали.

„Затоа што таа креира таква атмосфера. Ако играте цело време со национализмот и популизмот, познато е дека популизмот е храна на национализмот. Значи самата влада е производител на таквото расположение.“

Во СВР Охрид и во СВР Тетово кадешто полицијата работи на расветлување на последните инциденти коишто се случија во овие општини немаат нови информации ниту како што велат исход од спроведената истрага за откривање на сторителите.

„Ние имаме информации, имаме некави сознанија, меѓутоа сите тие се во фаза на проверување и на утврдување на вистинитоста на податоците до кои оперативно доаѓаме.“

Примарна задача за нас е да ги пронајдеме сторителите без оглед на која политичка опција и припаѓаат додава Стефан Димоски од СВР Охрид.
XS
SM
MD
LG