Достапни линкови

logo-print

Оставка на романскиот премиер Бок


Романскиот премиер Емил Бок

Романскиот премиер Емил Бок

Романскиот премиер Емил Бок поднесе оставка со цел, како што изјави, да се избегнат политички и социјални тензии во земјата. Оставката тој ја соопшти денеска на телевизија и доаѓа по серијата јавни протести против острите мерки за штедење што ги воведе владата. Бок оцени дека неговата влада донесла непопуларни, но и неопходни одлуки за спасување на земјата од економски колапс. Се уште не е јасно кој би можело да формира нова влада.
XS
SM
MD
LG