Достапни линкови

Фатах и Хамас се договорија за преодна влада


Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас ќе раководи со преодна влада до одржување парламентарни избори. Договорот бил постигнат денеска во Доха меѓу лидерите на умереното палестинско движење Фатах и на радикалниот Хамас Махмуд Абас и Халед Мешал. Разговорите биле со посредство на Катар кој активно учествува во политичкото помирување меѓу палестинците.
XS
SM
MD
LG