Достапни линкови

Македонија затрупана со снег, повеќе патишта непроодни


Илустрација.

Илустрација.

Повеќе локални патишта низ Македонија се непроодни поради наноси од снег, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи. Расчистувањето на патиштата ќе продолжи и денеска.

Непроодни патишта има во скопскиот регион и тоа во општина Чучер Сандево, повисоките села во општина Сопиште, а отежнато се одвива сообраќајот на патните правци меѓу селата Црешево и Раштак, како и од Црешево кон Виниче во општина Гази Баба.

Се уште е непрооден патниот правец Смрдлива вода - Ски центар „Кожуф“ во струмичкиот регион.

Дел од патиштата во битолскиот регион се проодни само за теренски возила.

Непроодни патишта има во Крушево, во регионот на Охрид и Струга, Македонски Брод, делови од кумановските села, од Крива Палнака, Кратово, Тетово, Гостивар, општината Градско, како и во штипскиот регион и во општина Свети Николе.
XS
SM
MD
LG