Достапни линкови

logo-print

Најмалку 200 жртви од студот во Европа


Бездомниците се најпогодени од екстремно ниските температури.

Бездомниците се најпогодени од екстремно ниските температури.

Студениот бран што ја зафати цела Европа досега однесе најмалку 200 жртви. Минатото деноноќие во Украина починале 9 луѓе, осум во Полска, а 6 во Италија.

Обилните врнежи од снег во Велика Британија ги блокирале централните и западните региони. На аеродромот Хитроу во Лондон се откажани повеќе од половина летови.

Лоша е состојбата и во Италија, особено во престолнината Рим. Војниците и полицијата им помагаат на жителите на Рим да ги расчистат улиците и тротоарите од снегот. Во петокот во Рим беа забележани најголеми снежни наноси регистрирани во последните 27 години.

Босанските власти користат хеликоптери за евакуација на болни луѓе и испорака на храна на илјадници жители во отсечените региони.

Синоќа владата на Србија прогласи вонредна состојба на целата територија. Од денеска нема да има настава во училиштата.

Настава нема да има и во училиштата во Косово. Министерството за образование, наука и технологија на Косово одлучи од денеска до петок 10 февруари да не работат основните и средни училиштата. Поради снегот, сообраќајот низ државата се одвива тешко, а планинските села се отсечени од светот.
XS
SM
MD
LG