Достапни линкови

Џиабао - Во интерес на Кина е Европа да биде стабилна


Архивска фотографија: Германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот премиер Вен Џијабао во Берлин на 27 јуни 2011 година.

Архивска фотографија: Германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот премиер Вен Џијабао во Берлин на 27 јуни 2011 година.

Во интерес на Кина е Европа да биде стабилна, оцени кинескиот премиер Вен Џијабао, по посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Пекинг.

„Пред се, прв пазар за нашите производи е Европа, а Европа е главен извор на технологија за Кина“, изјави Џијабао.

Тој додава дека помошта за стабилизација на европските пазари ќе значи помош за сите. Затоа, според него, треба да се стабилизира политиката на извоз и увоз. Кинескиот премиер и пренел на Меркел дека Кина има намера да го зголеми учеството во европскиот фонд за помош.
XS
SM
MD
LG