Достапни линкови

Грчките лидери продолжуваат со разговорите за излез од кризата


Грчкиот премиер Лукас Пападемос.

Грчкиот премиер Лукас Пападемос.

Грчките власти денеска треба да продолжат со разговорите за излез од должничката криза. Лидерите на трите партии кои ја сочинуваат коалиционата влада, Јоргос Папандреу, Андонис Самарас и Јоргос Караџаферис, вчера имаа петчасовна средба со премиерот Лукас Пападемос, за да се постигне договор што треба да ги премости приговорите на кредиторите на новите мерки за штедење, но не успеаја да постигнат договор.

Лидерите на земјите членки на еврозоната денеска требаше да се состанат за да ги финализираат разговорите за спас од кризата, но тој состанок е откажан.
XS
SM
MD
LG